Иако е релативно нов бренд на технолошкиот пазар, речиси сите слушнале за Nothing. Благодарение на проѕирниот дизајн на слушалките и паметниот телефон, брзо се здоби со популарност.
Во моментов, главниот фокус на фановите на брендот е на лансирањето на втората генерација на Nothing Phone, а се чини дека компанијата се подготвува да влезе во нова категорија производи – паметни часовници.
Дојавувачот Мукул Шарма ја забележал листата на заштитни знаци и сертификацијата на Nothing во категоријата паметни часовници на индискиот BIS сертификат и го сподели своето откритие преку Твитер.
Претходно во годината, Nothing поднесе апликација за трговска марка наречена „CMF BY Nothing“. Во поново време, истата ознака е забележана на листата на сертификати за производи со број на модел D395. Интересно е што овој производ е класифициран како паметен часовник.
Заштитниот знак им помага да го зачуваат својот бренд во догледна иднина.
Се разбира, овие информации и огласите за заштитни знаци не гарантираат дека Nothing ќе издаде паметен часовник, но тоа е добар показател дека компанијата се надева и има намера да лансира производ во иднина. Заштитниот знак им помага да го зачуваат својот бренд во догледна иднина, пишува Android Authority.
Додуша, компаниите имаат заштитни знаци кои никогаш не се користат, така што постои и шанса паметниот часовник на Nothing никогаш да не се оствари. Оваа листа на заштитни знаци и сертификати може да се види во твитовите на извршниот директор на Nothing, Карл Пеи, кој претходно оваа година го користеше Samsung Galaxy Watch 5 Pro за „да научи за паметните часовници“.
Се на сè, изгледа дека компанијата сака да влезе на пазарот на паметни часовници, а останува да се види дали и како ќе го направи тоа – во форма на вистински паметен часовник или фитнес тракер. Се разбира, бидејќи тоа е производ на Nothing, сигурно ќе има некој елемент на транспарентност.