Microsoft ќе отстрани повеќе опции од File Explorer програмата за управување со фајлови и фолдери, кои според компанијата помалку се користат
Бидејќи корисниците ги користат сè поретко, Microsoft се подготвува да отстрани некои од опциите за работа со фолдери од својата Windows File Explorer програма. Иако мотивот зад нивното отстранување е многу дискутабилен, многу поискусни корисници веројатно нема да се согласат со констатацијата на Microsoft за причините за исклучување на овие опции.
„Отстрануваме неколку стари поставки во рамките на Folder Options во File Explorer како дел од напорите да се исчисти вишокот и да се намали бројот на непотребни поставки во апликацијата File Explorer“, се вели во соопштението на Microsoft. „Многу од нив се застарени поставки кои постојат со години и ретко се користат од редовните корисници на Windows 11.
Подесувањеата на фолдерите кои повеќе нема да се појавуваат во рамките на Folder Options во File Explorer се следни:
- Hide Folder Merge conflict.
- Always show icons, never thumbnails.
- Display file icon on thumbnails.
- Display file type information on Folder tips.
- Hide protected OS files.
- Show drive letters.
- Show popup description for Folder and Desktop items.
- Show encrypted or compressed NTFS files in color.
- Use sharing wizard.
Друг аспект во врска со одредените можности што ги користат само 1 процент од напредните корисници е фактот што нивното отстранување нема значително да го поедностави оперативниот систем и работата во него, ниту пак значително да го намали неговото зафаќање на простор на дискот. Во меѓувреме, оваа одлука сигурно ќе го отежни животот на мал дел од напредните корисници кои ја ценат прецизноста во контролирањето на работата со фајлови и фолдери, пренесува tomshardware.
Од друга страна, аргументот за 99% од просечните корисници е дека тоа ќе спречи пренатрупаност на работниот интерфејс и ќе воведе ред за да ја направи работната средина појасна и поудобна за работа.
За среќа, постои решение, бидејќи Microsoft напоменува дека до сите горенаведени опции за поставки сè уште може да се пристапи преку Registry клучевите, за да може да се користат, но ќе биде многу потешко за корисниците помалку запознаени со напредните поставки на Windows 11 оперативниот систем.