Според податоците кои се достапни во моментов, се чини дека најголемото подобрување кај претстојниот Samsung Galaxy Z Flip5, во однос на актуелниот модел, ќе има кај надворешниот екран. Екстерниот дисплеј може да има дијагонала од 3,4 инчи и резолуција од 720 x 748 пиксели во споредба со 1,9 инчи и 512 x 260 пиксели.
Поради поголемата големина, на него ќе може да се користат апликации, а не само одредени виџети. Најверојатно ќе има и поддршка за навигација преку Google Maps, во партнерство со Google. Функцијата може да биде слична како кај Motorola Razr 40 Ultra или
Останува да се види какво ќе биде решението на проблемот со интерфејсот и нестандардната форма на екранот. Сепак, сигурно ќе има значително проширување на функционалностите на надворешниот екран.
Премиерата на Samsung Galaxy Z Flip5 ќе се одржи многу наскоро, кон крајот на јули, а вториот годинашен Galaxy Unpacked настан ќе се одржи во Сеул.