Голем број корисници не знаат дека во Windows постои опција за итно рестартирање на оперативниот систем.
Повеќето корисници на Windows, без разлика дали го имаат Windows 10 или новиот Windows 11, па дури и оние што ги користат постарите платформи Windows 7 или Windows XP се запознаени со тоа како функционира функцијата Windows Power. Постојат опциите: Shut Down, Restart и Sleep за компјутер.
Во случај на некои итни ситуации, кога корисникот не може да ја заобиколи апликацијата, компјутерот или програмата се замрзнува, достапна е практична опција CTRL+ALT+DEL. Повеќето корисници го знаат ова кога ќе се заглават во оперативен систем или апликација.
Комбинацијата на копчиња CTRL+ALT+DEL го стартува екранот, со мени што ги содржи следните опции: Заклучи, Lock, Switch user, Sign out и Task Manager. Windows 10 има и опција Change Password, која не е достапна во Windows 11.
Сепак, она што многу корисници на Windows не го знаат е постоењето на тајна опција Emergency Restart, која е скриена во рамки на CTRL+ALT+DEL екранот.
За да пристапи до функцијата Emergency Restart, корисникот мора истовремено да го притисне копчето Power во долниот дел од екранот и копчето CTRL на тастатурата. Ако само го притиснете копчето Power, ќе се појават опциите Sleep, Shut Down и Restart.
Microsoft ја имплементирал опцијата Emergency Restart од самиот почеток на платформата, од верзијата Windows NT 3.1 од 1993 година. Интерфејсот секако еволуираше и стана помодерен, а како изгледа можете да видите во видеото.