Ажурирањето за моделите од Galaxy S23 серијата кое донесува клучни подобрувања при фотографирањето, особено во ноќни услови, конечно е достапно за преземање
Големото јунско ажурирање за подобрување на перформансите на камерата на Galaxy S23, S23+ и S23 Ultra моделите стана достапно за преземање во Европа. Ажурирањето доаѓа со верзијата на фирмверот S91xBXXU2AWF1 и е со големина од 2,2 GB.
Како што објавивме минатата недела, ова ажурирање донесува клучни подобрувања кога станува збор за камерите. Имено, проблемите со автоматското фокусирање конечно се решени, а подобрена е и обработката на фотографиите во ноќниот режим. Дополнително, додадена е и опција за 2X зумирање при фотографирање портретни фотографии, а решени се и проблемите со HDR во одредени услови на осветлување.
Понатаму, јунското ажурирањето исто така носи повеќе флуидни анимации и транзиции во рамките на One UI интерфејсот, како и подобрен хаптички одзив.
ДОколку случајно, сè уште не сте го добиле ова ажурирање на вашиот телефон, можете рачно да го инсталирате со одење во Settings, а потоа во Software Update.