Opera ја претстави најновата верзија на својот веб-прелистувач Opera One, која го вклучува четботот Aria со вештачка интелигенција. Слично на Bing во Microsoft Edge, и тој е сместен во страничната лента и може да одговори во реално време, обезбедувајќи информации, генерирајќи текст, код и идеи.
Во неговото јадро е моторот Composer AI, кој се поврзува со GPT моделот на OpenAi. За да го користите, мора да имате сметка на Opera, а потоа пристапот е преку иконата Aria. Инаку, Opera започна со тестирање на оваа верзија во мај, но сега е достапна за сите.
Се разбира, има и други новитети. Тие вклучуваат нови автоматски групирани табови, нов дизајн и подобрена архитектура на прелистувачот. Новиот Opera One е достапен за Windows, macOS и Linux.