Дали некогаш сте слушнале некој да најде вистинска љубов на Tinder? Најверојатно сте слушнале, но вистинска работа на дејтинг апликација – сигурно не. Ниту ние, сѐ додека во текот на јуни на спомнатата апликација не осамнаа необични профили со пораките: „Бараме запалени“, „Кој вели дека уживањето мора да трае кратко?“, „Доколку сакаш врзување, ова е место за тебе“,…
https://www.instagram.com/p/CtyohDBMYy8/
Во прашање е првата кампања за вработување во регионот, објавена исклучиво на Tinder. Зад овој иновативен и целосно неочекуван пристап во пронаоѓањето на нови кадри, стои агенцијата New Media Team, еден од лидерите во областа на интегрираната комуникација во регионот.
Кампањата е произлезена од потребата да се освежи пристапот во потрага по нови вработени, кои значително се заситени со стандардни огласи за вработување. Осмислена е на тој начин да таргетира различни возрасни групи на спомнатата дејтинг апликација, со пласирање на пораки креирани да привлечат внимание на секој од нив.
„Пронаоѓање и вработување на квалитетни луѓе е наш императив, бидејќи нам силата на тимот ни обезбедува лидерска позиција на пазарот. Го одбравме Tinder како канал, затоа што нуди свежина, – луѓето се таму со намера да пронајдат, не само нови емотивни партнери, туку и да се дружат и запознаваат, па затоа и ние сакавме да им се претставиме и да им понудиме нови прилики за работа. Креативниот тим внимателно ги бираше решенијата, прилагодени во духот на оваа мрежа, – можеби некои се и за нијанса поризични, но одамна сме свесни дека вниманието на публиката повеќе не може да го привлечат класични вижуали и copy,“ изјави Александра Радујко, основач и директорка на агенцијата New Media Team и додаде дека се работи за кампања со нула буџет, а додека комплетната креатива ја има изработено агенцискиот тим – од осмислување на идеја, арт дирекција, преку продукција на фото-содржина, пишување на copy, па сѐ до самиот пласман на Tinder. „Навистина уживавме во целокупниот процес, а за истото говорат и реакциите и пријавите, кои ги надминаа сите наши очекувања. Ова за нашиот тим е пред сѐ една голема авантура и веруваме дека истата допрва ќе го покаже својот полн потенцијал на долги стази,“ додаде Радујко.
https://www.instagram.com/p/Ctyzxb_sRgH/
Принципот на којшто е базирана идејата, е многу едноставен и е соодветен со Tinder платформата – swipe десно ги поврзува сите заинтересирани, или на Tinder „јазик“, ги match-ира, со агенцијата и им дава повеќе информации за отворените позиции; swipe лево и кампањата оди во заборав, заедно со останатите непосакувани профили.
https://www.instagram.com/p/CtvyP9WMI9N/
Преку хумористични имиња на профилите и нивните описи, транспарентно е претставено дека се работи за проект за вработување со многу јасна намера – да ги заинтригира и мотивира корисниците на Tinder, кои се бават со работаод областа на односи со јавност, маркетингкомуникации, дигитален и инфлуенсерски маркетинг, дизајн, настани и продукција, да се пријават наотворените позиции. Секако, благодарение на виралниот ефект, којшто е постигнат, пријавите стигнуваат од сите страни.
https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:7077270811396460544
Останува само да се види кој од кандидатите ќе биде вистински „спој“.