-
Функцијата за пристапност им помага на гледачите со слепило за бои да ги рекалибрираат своите екрани за попријатно доживување при гледањето.
-
Режимот SeeColors доби сертификат за „Color Vision Accessibility“ од TÜV Rheinland
Samsung Electronics го објави додавањето на режимот SeeColors во својата серија телевизори и монитори 2023. Новододадената функција за пристапност обезбедува различни поставки за боја врз основа на степен и типови на недостаток на видот за разликување на боите, нудејќи подобрено искуство при гледањето.
Режимот SeeColors обезбедува девет претходно поставени слики, така што корисниците можат да ја изберат опцијата што е најпогодна за нив. Функцијата ги прилагодува нивоата на црвено, зелено и сино за да обезбеди гледачите лесно да ги разликуваат боите на екранот во зависност од нивниот степен или тип на слепило за бои.
Првично објавен како апликација во 2017 година, SeeColors им помага на лицата со слепило за бои да уживаат во својот екран на начин како што треба да се ужива. Сега, интегрирана во менијата за пристапност на телевизори и монитори, оваа функција е полесно достапна за корисниците. За потрошувачите кои веќе купиле модел од серијата 2023, ќе биде достапно ажурирање на софтверот за додавање SeeColors во менито за пристапност.
Samsung го заслужи сертификатот „Color Vision Accessibility“ од TÜV Rheinland, како признание за способноста на режимот SeeColors да им помогне на оние со слепило за бои подобро да уживаат во содржината на екраните на Samsung. Ова признание се надоврзува на посветеноста на Samsung за пристапност, според визијата „Екрани насекаде, екрани за сите“.
„Возбудени сме што воведуваме дополнителни функции за пристапност, вклучително SeeColors и Relumino режимот, во нашата серија телевизори и монитори за 2023, за да им помогнеме на лицата со слепило за бои и слаб вид“, рече Сеокву Џејсон Јонг, извршен потпретседател на одделот завизуелен приказ во Samsung Electronics. „Според визијата „Екрани насекаде, екрани за сите“, ќе продолжиме со иновации да ги доближуваме инклузивните технологии до нашите потрошувачи“.