ИТ холдинг-компанијата Арикома, која е дел од KKCG групацијата, објавува дека ќе работи под два главни бренда за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе работат под брендот Qinshift, а останатите компании од групацијата ќе го усвојат брендот Арикома.
Во последниве шест години, технолошкиот столб KKCG порасна во водечки ИТ играч во Европа, со годишни приходи од речиси 500 милиони евра (11,7 милијарди чешки круни) и има вработено повеќе од 4000 експерти во 13 компании.
Оваа промена ќе овозможи дополнителна специјализација во рамки на технолошкиот столб на KKCG, со што секоја компанија ќе може да се фокусира на своите основни компетенции, поттикнувајќи понатамошен раст и поголема вредност.
„Дојдовме до точка нашите операции да се доволно обемни и сеопфатни со штоможат да формираат две посебни, специјализирани компании,“ велидиректорот за инвестиции на KKCG, Михал Томанек. „Веруваме дека основањето наQinshift и освежувањето на оригиналниот бренд Арикома ќе биде катализатор за раст на двете компании и дека ќе ѝ помогне на нашата групација уште поефикасно да се натпреварува на светскиот пазар.“
Qinshift ќе интегрира шест компании со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи. Qinshift исто така ќе дава и деловни консултантски услуги. Компанијата опслужува разновидни клиенти, вклучувајќи големи телекомуникациски и сателитски оператори, финансиски институции, производствени и автомобилски компании, како и организации за мобилност и здравствени услуги,овозможувајќи им да напредуваат во дигиталната ера.
Сеавус, скандинавска компанија за развој на софтвер, и Stratiteq, компанија специјализирана за анализа на податоци со седиште во Шведска, ќе бидат првите компании кои ќе се приклучат на Qinshiftна почетокот на септември. Cleverlance, чешкиот и словачки лидер во обезбедувањето услуги за дигитализација на бизнисот, како и дел од чешката корпорација Komix, која има силно присуство во автомобилската индустрија, ќе им се приклучи на почетокот надекември. Интеграцијата ќе биде завршена до крајот на 2024 година со вклучување на Clearcode, светски партнер за развој на софтвер за рекламирање и маркетинг (AdTech & MarTech), и Musala Soft, компанија со седиште во Бугарија која работи со големи клиенти (blue chip companies).
„Како бренд, Qinshift ги рефлектиранашите основни вредности, обединувајќи колектив кој е мотивиран од страста за работа и желбата за градење цврсти, партнерски односи со клиентите. Новиот бренд и идентитет ќе обединат неколку извонредни компании од нашето портфлио, сплотувајќи ги нивнатe силни страни, експертиза и наследства. Со пристап насочен кон луѓето, со вкупен приход од 200 милиони евра, 3500 професионалци, преку 300 клиенти и 28 канцеларии во светот, нашата цел е да станеме доверлив и посакуван партнер за дигитална трансформација,“ изјави извршниот директор на Qinshift, Лудовик Гауде.
Целта на Qinshift е да се прошири низ Европа, САД, Северна Африка, а на крајот и низ Латинска Америка, интегрирајќи врвни услуги за вештачка интелигенција во своето сеопфатно портфолио.
Арикома ќе обедини брендови фокусирани на ИТ инфраструктура, клауд услуги, корпоративни апликации, сајбер безбедност и дигитализација на јавниот сектор. Ќе ги опфаќа следниве компании: Autocont, лидер на локалниот пазар во ИТ услуги; AEC, експерти за сајбер безбедност; CES EA и дел од Komix, развивачи на софтвер за јавниот сектор; и Internet Projekt, експерти за е-трговија. Постепениот процес на ребрендирање ќе биде завршен на крајот од годината.
Овогодинешните аквизиции, SAP-фокусираните Sabris Consulting и Consulting 4U како и развивачот на софтвер за јавниот сектор SYSCOM Software ќе се приклучат кон брендот Арикома подоцна.
„Ова претставува возбудлив чекор во равојот на Арикома. Во последниве три децении, колегите од нашите компании посветено ја градеа Арикома, која прерасна во центар на искуство и експертиза во ИКТ решенијата,“ речеизвршниот директор на Арикома, Милан Самеш. „Под едно име, ќе се етаблираме како активен, доверлив и динамичен партнер во дигитализацијата и на јавниот и на комерцијалниот сектор, како во Чешка така и во остатокот од Европа. Нашите првични планови за проширување ги опфаќаат земјите од регионот DACH, Германија, Австрија и Швајцарија, каде гледаме многу потенцијал,“ додаде тој.
Специјализацијата и агилноста на двете компании, кои истовремено минуваат низ процес на спојување на поединечни компании, ќе создаде подинамична средина за поттикнување соработка, иновативност и подобро опслужување на разновидната и престижна меѓународна база на клиенти, и од јавниот и од приватниот сектор.
За KKCG
KKCG е инвестициска и иновативна групација со експертиза во областите лотариja и игри, енергија, технологија и недвижен имот. Основана од претприемачот, инвеститор и филантроп Карел Комарек, во компаниите од своето портфолио KKCG вработува над 10.000 луѓе од 36 земји и управува со средства од над 8 милијарди евра. Меѓу компаниите кои ја сочинуваат KKCG се вбројуваат: Allwyn, мултинационален оператор на лотарија; MND, меѓународен производител и снабдувач на традиционална и обновлива енергија; групацијата ARICOMA, сеопфатен давател на ИТ сулуги низ Европа и САД; и KKCG групацијата за недвижности. Дејствувајќи на неколку континенти, KKCG стекнува капитал, мрежи и знаења од целата групација, што им овозможува профитабилен и одржлив раст на долг рок. KKCG е посветена на поддршка на локалната заедница, давајќи придонес во општествата во кои работи.
За ARICOMA холдинг
Холдинг компанијата Aricoma е основана во 2017 година со преземање на чешката ИТ компанија Autocont. Во 2018 и 2019 година, следеа корпорациите AEC, Cleverlance, Cloud4Com и Internet Projekt. Од 2020 година наваму, Aricoma се шири надвор од своите домашни граници купувајќи ги Seavus и Stratiteq од Шведска, Clearcode од Полска и Musala Soft од Бугарија. Aricoma има преземено и неколку други компании од Чешка, како Komix, Sabris Consulting, Consulting 4U и SYSCOM Software. Во 2022 година, холдингот оствари приходи од 492 милиони евра, а нивната оперативна добивка пред амортизација (EBITDA) достигна 45 милиони евра.
Повеќе информации за новите брендови можете да најдете на нивните веб-страници:
Aricoma: www.aricoma.com
Qinshift: https://qinshift.com/