-
АЕТМ: Вредноста на е-транскациите од странство кон македонски е-продавници во 2022 наспроти 2016 година е зголемена за над 10 пати, додека бројот за скоро 19 пати.
-
АЕТМ: И во 2022 година расте онлајн купувањето од македонски е-трговци од странски иматели на платежни картички
-
АЕТМ: Се зголемува вредноста на е-трансакциите направени од странство
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Македонија, според кои, странските иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2022 година потрошиле 21.76 милиони евра, што во однос на претходната година претставува пораст од скоро 33%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 618,932 трансакции или просечно потрошиле 35.2 евра по трансакција. Направената анализа за движењето на бројот и вредноста на направените оналјн трансакции од странци кон домашни е-трговци од 2016 година до 2022 година покажува дека има значаен пораст. Ако во 2016 година странците потрошиле онлајн кон македонските е-трговци само 2 милиони евра во 32.9 илјади трансакции, во 2022 вредноста е зголемена за над 10 пати, додека бројот на трансакциите за скоро 19 пати. Што се однесува до учеството на странците во вкупно остварената вредност на онлајн трансакциите и кон дома и кон странство од домашни и странски платежни картички тоа се зголемува од 2.2% во 2016 на скоро 4% во 2022 година.
Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци 49% припаѓаат на иматели на платежни картички од 8 земји. 3.6 милиони евра или 17% од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 2.2 милиони евра или 10% од Обединетото кралство и 1.7 милиони евра или 8% од Швајцарија. Потоа следат германските иматели на картички кои направиле 4%, Бугарија и Турција 3%, и Шведска и Косово 2% од вредноста на онлајн трансакциите
Понатамошната анализа на бројот и вредноста на направените трансакции од странство кон македонските е-трговци е направена подетално за земјите кои остваруваат 49% од вкупно направената вредност. Во табелата дадени се бројот, вредноста, просечната вредност по трансакција и остварениот пораст во 2022 година во однос на претходната на овие 8 земји и остатокот од светот. Најголем пораст на бројот како и на вредноста на направените онлајн трансакции од странски иматели на платежни картички во 2022 година во однсо на претходната година е остварен од Швајцарија, додека највисока просечна трансакција е направена од Косово.
„Е-трговијата овозможува купување на производи и услуги од било кој крај на светот. Од анализата се гледа дека најмногу онлајн трансакции направени од странски иматели на платежни картички како по број така и по вредност се направени од земји каде што има македонски иселеници или од соседните земји. Тоа нѐ упатува на претпоставка која е основа за понатамошно истражување дека нашите иселеници се повеќе го користат овој канал за купување на производи и услуги на своите блиски од македонските е-продавници. Очекувањата се и понатаму да продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од странство односно најмногу од Македонци иматели на странски платежни картички кон македонски е-трговци. Секој пораст на е-трансакциите е важен за развојот на македонската е-трговија.” – вели преседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Д-р Нина Ангеловска