На 5 јули OnePlus ќе го претстави Nord 3 смартфонот, чиј дизајн веќе го видовме, но во меѓувреме компанијата откри повеќе детали за новиот уред. Од нив е јасно дека телефонот ќе нуди главна камера со Sony IMX890 сензор од 50 MP и оптичка стабилизација.
Покрај тоа, компанијата откри дека Nord 3 ќе има рамен дисплеј од 6,74 инчи со намалени рамки и стапка на освежување до 120 Hz. Фотографиите покажуваат дека познатиот Alert Slider се враќа на куќиштето за удобна контрола на известувањата.
Смартфонот ќе биде достапен со до 16 GB RAM, а ќе се нуди вп две варијанти на бои – Tempest Grey и Misty Green. Веќе знаеме дека ќе користи чипсет MediaTek Dimensity 9000.
На истиот ден треба да биде претставен и Nord CE 3, кој очекуваме да понуди Snapdragon 782G чипсет и 6,7-инчен AMOLED дисплеј од 120 Hz. Веб-страницата на компанијата во Индија вели дека уредот ќе биде достапен во Aqua Surge боја.