Новите податоци од новинарот на Bloomberg, Марк Гурман сугерираат дека Apple развива нов надворешен монитор за Mac компјутери, кој ќе функционира и како паметен дисплеј кога не се користи. Тој истакнува дека Apple подготвува голем број нови монитори, од кои некои ќе ги заменат Studio Display и Pro Display XDR.
Што се однесува до додавањето на можностите за паметен дисплеј, најверојатно ќе користи вграден iOS чип. Ова не би бил прв таков случај, бидејќи на 27-инчниот Studio Display е опремен со А13 чипсет. Сепак, неговата функционалност е ограничена на контролирање на камерата и звучниот систем.
Во следниот модел, пак, станува збор за користење на системот додека не е активен преку поврзаниот компјутер. Работата ќе се базира на сопствената компјутерска моќ, а може да го користи и новиот Standby режим во iOS 17.
Потсетуваме дека овој режим ќе овозможи користење на iPhone што се полни во хоризонтална положба да се користи како паметен дисплеј со напредни функционалности. Инаку, новиот монитор би требало да се појави најрано следната година.