Apple неодамна го претстави својот најреволуционерен производ по извесно време. Се разбира, се работи за уредот за за мешана реалност Vision Pro, кој ќе започне со испорака до потрошувачите на почетокот на следната година и тоа првично во САД.
Сепак, сега пристигнаа нови и донекаде алармантни податоци поврзани со производството на уредот. Според Financial Times, компанијата се соочува со сериозни потешкотии со составувањето ба уредот и се чини дека почетниот обем на производство нема да биде постигнат не само оваа година, туку и во догледна иднина.
Претходните бројки укажуваа дека Sony, кој е ексклузивен производител на екраните за Vision Pro, може да испорача до 900.000 панели во првата година. Според Financial Times, очекувањата на Apple биле да произведува милион уреди годишно.
Оваа бројка сега е ревидирана на околу 400.000 примероци во 2024 година. Сето ова е поврзано со сложеноста на производството на уредот, за чие склопување е задолжен Luxshare. Потешкотиите се поврзани и со внатрешните и со надворешните екрани.
Станува јасно и дека има висок процент на дефекти, што исто така го отежнува производството. Непријатна за корисниците може да биде и веста дека очекуваниот поевтин модел од компанијата е одложен на неодредено време.