Во третиот квартал оваа година, компанијата Samsung се очекува да го претстави „убиецот“ на флегшип смартфони, моделот Galaxy S23 FE. Покрај одредените спецификации за кои пишувавме во изминатите месеци, сега конечно е познат и дизајнот на овој долгоочекуван уред.
Според рендерите објавени од дојавувачот OnLeaks во соработка со SmartPrix, Galaxy S23 FE ќе изгледа отприлика како малку поевтиниот Galaxy A54. Ова е посебно видливо во дизајнот на системот за камери, како и во димензиите кои се речиси еднакви на нив (158 x 76,3 x 8,2 мм). Токму поради димензиите, може да се претпостави дека претстојниот телефон на Samsung ќе има 6,4 инчен AMOLED екран.
Покрај тоа, може да се види и дека Galaxy S23 FE ќе има копчиња за јачина на звук и вклучување на десната страна. USB-C приклучокот за полнење и пренос на податоци ќе се наоѓа на дното до микрофонот и звучникот. На врвот има уште еден микрофон, исто како кај А54, и иако не се гледа на рендерите, се претпоставува дека до него се наоѓа отворот за SIM картичката.
Што се однесува до другите спецификации, претходно се шпекулираше дека Galaxy S23 FE ќе има Snapdragon 8 Gen 2 или Snapdragon 8+ Gen 1 чип. Сепак, според последните информации, се чини дека во сите региони ќе биде покренуван од Exynos 2200 на Samsung во комбинација со до 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија што не може да се прошири.
Исто така, се наведува телефонот дека има сензор за главната камера од 50 мегапиксели и батерија од 4.500 mAh со поддршка за брзо полнење од 25 W.