Microsoft ја унапредува поддршката за Windows за нов стандард за најавување кој има за цел да ги замени лозинките со побезбеден и поудобен метод за најавување.
Најновата бета верзија на оперативниот систем сега овозможува користење на опцијата Windows Hello за најавување на сајтови и апликации каде што, наместо лозинка, од корисникот ќе биде побарано да го потврди својот идентитет со PIN-код, отпечаток од прст или скенирање лице, во зависност од тоа што поддржува компјутерот.
Windows 11 во иднина, слично на телефоните, ќе има дел за управување со сите лозинки и овозможува лесно најавување на повеќето сајтови.
Во мај минатата година, Apple воведе слична опција на своите Mac компјутери.