Новиот јунски StatCounter веб извештај покажува дека Chrome сè уште е најпопуларниот интернет прелистувач меѓу неговите ривали, но и дека бележи значителен пад на бројот на корисници.
Минатиот месец Chrome го задржа првото место како најпопуларен браузер меѓу своите конкуренти, но почна значително да ги губи корисниците. Edge остана речиси непроменет, додека Safari продолжи да го зголемува бројот на корисници, објави StatCounter.
Ирскиот сајт StatCounter го анализира веб сообраќајот и дава статистички податоци за него, а сега објави нов, јунски извештај за популарноста на интернет прелистувачите. Според новата статистика, Google Chrome продолжува да владее на пазарот на десктоп и мобилните верзии со удел од дури 61,1 отсто.
Сепак, и покрај ова, изгуби дел од својот пазарен удел во споредба со претходно, бидејќи бројот на корисници се намали од речиси 66 проценти во однос на мај, што сепак претставува забележителен скок надолу меѓу корисничката база. Месечните флуктуации обично не се случуваат во толкава мера, па сега Chrome е единствениот со „црвена ламбичка“, иако и понатаму е најпопуларен меѓу конкуренцијата.
Safari на Apple бележи тренд на пораст
Од друга страна, десктоп прелистувачот на Apple, Safari го продолжи својот тренд на раст од март оваа година кога го престигна Microsoft Edge и го зазеде второто место според фреквенцијата на користење. Меѓутоа, тој сè уште далеку од првото место со корисничка база од само 14,45 проценти во однос на 61,1 проценти на Chrome.
Microsoft Edge не ги испушта своите 10%
Microsoft Edge ја задржа третата позиција во користење во светски рамки, но практично остана речиси непроменет во споредба со месец мај, кога имаше пазарен удел од 9,94 отсто. Имено, тој успеа минимално да ја зголеми употребата на својата десктоп верзија, враќајќи се над границата од 10 отсто (10,78%).
Firefox и Opera за влакно подобри
Mozilla Firefox на десктоп верзијата држи 6,04 отсто, додека прелистувачот Opera исто така направи мал скок нагоре со 5,31 отсто од уделот на пазарот.
На мобилните верзии на прелистувачите, состојбата е малку поинаква, иако Chrome е исто така на прво место, Safari останува втор, но Edge прелистувачот воопшто не е меѓу петте најкористени. Тоа сепак можеби ќе се промени, доколку Microsoft продолжи да развива функции за вештачка интелигенција и да ги оптимизира за мобилните верзии на својот прелистувач.