Претседателот на компанијата Xiaomi, Лу Веибинг објави дека преклопниот Mix Fold 3 ќе биде пуштен во продажба во август оваа година, но гласините покажуваат дека и тој ќе биде ограничен на Кина.
Новиот телефон со екран на преклопување на Xiaomi ќе пристигне во август, објави претседателот на компанијата на социјалната мрежа Weibo. Сепак, неофицијалните информации укажуваат дека овој уред на Xiaomi, како и неговите претходници со флексибилен екран, повторно ќе биде ограничен за кинескиот пазар.
Набрзо откако беше претставена новата смарт фабрика на Xiaomi, пристигна веста дека првиот смартфон што ќе се произведува масовно таму ќе биде уредот од следната генерација со екран на преклопување. Телефонот наводно ќе биде уште потенок и во исто време поцврст, а ќе содржи Leica камери, што од една страна беше очекувано.
Гласините покажуваат дека новиот телефон ќе има UD селфи камера, односно камера под дисплејот на главниот преклопен екран и 5x перископ објектив со зумирање на задната страна. Според неофицијални информации, тој би требало да биде придвижуван од чипсетот Snapdragon 8 Gen 2, што евентуално би можело да стави крај на монополот на Samsung над овој чип. Сепак, се уште не е познато дали стандардната верзија на Qualcomm на овој чип ќе се најде во новиот уред на Xiaomi или онаа подобрената верзија, која досега беше резервирана за телефоните на Samsung.
Во секој случај, овој процесор моментно е најдобриот мобилен чипсет на пазарот во однос на перформансите и потрошувачката на енергија. Новиот смартфон треба да има поддршка за безжично полнење од 50 W. Исто така, наводно ќе има водоотпорно куќиште со соодветен IP рејтинг, што покажува колку уредот е заштитен од вода и прашина.
Претходната генерација на Xiaomi телефони со прекклопни екрани, исто така, беше лансирана во август минатата година, а врз основа на тоа се чини дека со ова темпо ќе бидат пуштени и идните генерации на вакви уреди. Xiaomi Mix Fold 2 со дебелина од само 5,4 милиметри го импресионираше пазарот во однос на компактноста, неодоливо потсетувајќи на Samsung Galaxy Z Fold 4. Иако претходниот телефон успеа да биде навистина тенок, се чини дека Xiaomi не планира да запре и ќе ја направи следната генерација на овој тип телефони уште потенка.