Се очекува Apple оваа година да воведе голем број подобрувања на својата нова iPhone 15 серија смартфони. Меѓу нив се чини ќе биде и зголемениот капацитетот на батеријата, а податоците за ова доаѓаат од публикацијата ITHome, која се повикува на вработен од Foxconn.
Доколку информацијата е точна, зголемувањето ќе биде 18 процени за iPhone 15, 14% за iPhone 15 Plus и iPhone 15 Pro, како и 12 отсто за iPhone 15 Pro Max во однос на претходната генерација. iPhone 15 може да има батерија со капацитет од 3.877 mAh, iPhone 15 Plus ќе има капацитет од 4.912 mAh, iPhone 15 Pro ќе содржи батерија со капацитет од 3.650 mAh, а iPhone 15 Pro Max ќе има батерија со капацитет од 4.852 mAh.
Годинашните паметни телефони на Apple се очекува да бидат малку подебели од минатогодишните, што се чини дека е поврзано со поголемите батерии. Друга интересна информација е дека основните мемориски конфигурации на Pro моделите ќе почнуваат со 256 GB за складирање податоци. Во стандардните два iPhone 15 модели, основната меморија ќе изнесува 128 GB.