Град Скопје објави Јавен повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година, информираат од локалната самоуправа.
Јавниот повик со сите услови и критериуми за аплицирање за субвенцијата, како и сите потребни документи кои треба да се достават со пријавата се достапни на линкот – https://skopje.gov.mk/media/9809/javen-povik-zamena-azbestni-krovovi-2023.pdf
Потребната документација, барателите ја поднесуваат до Комисијата преку Архивата на Град Скопје (барака 16) во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина– Комисија за доделување на субвенции за замена на азбестните покриви, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 08:30 – 15:00 часот.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавување до 31 август 2023 година или до исцрпување на средства предвидени за таа намена.