Иако се уште во рудиментирана фаза на развој и недостапна во Европската Унија, новата текстуална апликација од работилницата на Meta веќе привлече 5 милиони корисници во првите неколку часа
Во текот на денешниот ден е лансирана новата апликација на Meta, под капата на Instagram – Threads. Оваа нова социјална мрежа има за основна цел да му конкурира на Twitter, како место за размена на статуси со кратки текстови. Неjziniot развој беше лансиран откако Eлон Маск го презеде Twitter, а лансирањето очигледно беше „забрзано“ за да се искористи хаотичната состојба што моментно владее во самиот Twitter.
Само основни функции
Како што може да се забележи, Threads е во многу рана фаза на развој и нуди само онсовни можности за објавување, како и аскетски кориснички интерфејс. Сепак, во првите неколку часа, како што објави Марк Цукерберг, веќе привлече околу пет милиони корисници. Од нив не се бара да креираат нов профил, туку можат да го „повлечат“ од Instagram, што секако придонесе за толку голем прилив на заинтересирани луѓе. Долгорочната цел на Meta е да има милијарда луѓе на Threads, велат од компанијата.
Што се однесува до самата функционалност, можно е да се објавуваат текстуални статуси со должина до 500 знаци на Threads, а тие можат да вклучуваат линкови, фотографии и видео клипови долги до 5 минути. Објавите може да се „лајкуваат“, коментираат и повторно споделуваат.
Светот сега доби можеби не премногу квалитетна и елаборирана, но амбициозна алтернатива на Twitter со силна поддршка од Мета, па за очекување е дека доменот на социјалните мрежи да мора да се прилагоди на тоа. Доколку и вие самите имате дилема дали да се приклучите на Threads или не, ќе ви ја олесниме одлуката – оваа социјална мрежа моментно не е достапна во Европската унија, пред се затоа што Мета има одредени правни „несогласувања“ со ЕУ поврзани со управувањето со приватните податоци.
Апликација лансирана во САД и Велика Британија е веќе достапна и во Македонија, и може да се преземе од продавниците за апликации на iOS и Android, додека веб-интерфејсот (threads.net) ја прикажува само воведната анимација . Сепак, Meta најавува дека Threads треба да стигне до ЕУ во догледна иднина, штом ќе се решат проблемите поврзани со новите европски регулативи за дигитални пазари и услуги. Покрај во ЕУ, апликацијата наводно наскоро ќе биде достапна на повеќе од 100 пазари ширум светот.