Компанијата OnePlus го претстави смартфонот Nord 3, што претставува значително подобрување во однос на моделот 2T.
Новиот модел од средна класа добива поголем екран од 6,7 инчи со резолуција од 2772 x 1240 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz, што ветува подобри перформанси и корисничко искуство во споредба со 6,4-инчниот 1080p панел во случајот на неговиот претходник.
Nord 3 го покренува понапредниот MediaTek Dimensity 9000 процесор поврзан со 16 GB RAM (Dimensity 1300 и 12 GB за моделот 2T), а капацитетот на батеријата е зголемен од 4.000 на 5.000 mAh. Батеријата поддржува брзо жично полнење од 80 W и се полни до 60 проценти за 15 минути.
Одзади се наоѓа главна камера од 50 MP, истата што ја користи и понапредниот OnePlus 11, како и ултраширока камера од 8 MP и макро од 2 MP, додека однапред е сместена селфи камера од 16 MP.
Софтверската страна е „посилна“ оваа година, OnePlus вети три години големи надградби на оперативниот систем за Nord 3, додека 2T поддржуваше две годишни ажурирања. Покрај тоа, ќе добие и четири години безбедносни надградби.
Нарачките веќе се прифаќаат, основниот модел со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање чини 449 евра, додека верзијата со 16 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија чини 549 евра.