Додека за некои планирањето на едно патување е задоволство, за други е вистинска мака. Но, во која група и да припаѓате, дали би можеле своето наредно патување да го препуштите на вештачка интелигенција.
Токму тоа сакаат да го направат од Booking и го најавија својот нов планер на патувања кој работи со вешталка интелигенција. Планерот е направен на база на посточекиот модел за машинско учење на платформата на Booking, во комбинација со технологијата на СhatGPT. Моментно е достапен за одреден број корисници во САД, но од компанијата најавија дека со тек на време ќе биде достапен за сите.
Патниците можат да му поставуваат општи прашања на планерот, како одредени прашања за поддршка во која било фаза од планирањето на одморот, вклучувајќи и преглед на потенцијални локации за сместување и опции, давање идеи за патување на база на потребите и барањата на поединечни патници, како и креирање планови за одреден град, земја или регион.
Исто така, можат да општо да опишат што бараат, да поставуваат прашања и да го прецизираат пребарувањето во реално време, како и да видат нови опции за само неколку секунди – од барање инспирација за романтични дестинации на плажите на Карибите до пренаосчување до одредена листа со избрани куќи за одмор за четиричлено семејство, со клима-уред и базен.
Резултатите не се само текстуални, туку и визуелни во форма на листа со дестинации и објекти за сместување, вклучувајќи и информации за цените. Патниците ќе можат да се префрлаат од разговор со планерот на самиатс платформа Booking и на апликацијата.
„Нашата примарна цел во Booking секогаш било да се искорирст технологијата за да ги олесниме патувањата. Неодамнешните дстигнувања на полето генеративна вештачка интелигенција ја забрзуваат ситуацијата на која работвеме со години со машинското учење за унапредување и подобрување на секој апскет од корисничкото искуство на нашата платформа. Нашиот нов AI планер едноставно е следниот чекор напред“ велат од компанијата за планирање на патувања.