Samsung Electronics објави нов глобален филм како дел од својата кампања „Стани дел од екипата на Flip“, со тизери за новата генерација на Galaxy уреди, кои се очекува да бидат претставени подоцна овој месец на настанот Galaxy Unpacked 2023.
Надоврзувајќи се на првиот филм „Стани дел од екипата на Flip“ објавен минатиот септември, новото видео за кампањата ја продолжува истата тема повикувајќи ги луѓето да му се препуштат на своето воодушевање кон иновациите. На забавен и разигран начин, филмот ги прикажува уникатните начини на кои можат да се користат телефоните на преклоп, и како овие уреди го менуваат сето она што корисниците го знаат за обичните паметни телефони. Акцентот е ставен на вообичаените препреки на кои луѓето кои сакаат промена можат да наидат, и покрај привлечните придобивки кои ги нуди Flip екипата. Преку оваа кампања, Samsung ги повикува корисниците да го отфрлат вообичаеното и да уживаат во ново и уникатно искуство при користење на телефони на преклоп.
„Телефонот на преклоп не е само уред – тоа е начин на размислување, начин на живот. Тоа е нов и отворен свет каде што подобро искуство ги чека оние кои се подготвени да ја преминат линијата на познатото и да пробаат нешто ново“, рече Соња Ченг, потпретседателка за бренд маркетинг приодделот Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Со серијата Galaxy Z, Samsung нуди иновации кои им пркосат на нормите, го редефинира сето она што еден паметен телефон може да направи, и ги поместува границите на вообичаеното за да зачекори во нов свет на искуства“.
Погледнете ја 2. сезона од филмот „Стани дел од екипата на Flip“ на линкот подолу и проследете како Samsung ги поместува границите на иновациите со највнимателно осмисленото мобилно искуство досега на настанот Galaxy Unpacked 2023 на 26 јули во 13 часот во живо на Samsung.mk.