Како што се очекуваше, претстојните таблет уреди од Galaxy Tab S9 серијата ќе бидат поскапи од нивните претходници. Почетниот Tab S9 ќе чини 929 евра, додека за Tab S9 Ultra ќе треба да се издвојат 1.369 евра.
Покрај новите преклопни смартфони, Samsung ќе го искористи претстојниот настан Galaxy Unpacked за да ја претстави Galaxy Tab S9 линијата таблет уреди. Благодарение на дојавувачите и социјалните мрежи, некои спецификации се познати со месеци, а сега протекоа и цените за европскиот пазар.
Имено, како што пренесува SamInsider, Galaxy Tab S9 со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање ќе чини 929 евра, додека најмоќната верзија со 12 GB RAM и 256 GB интерна меморија ќе се продава по цена од 1.049 евра. Понатаму, Tab S9+ во верзијата со 12 GB RAM и 256 GB ќе чини 1.149 евра, додека флегшип моделот на целата линија, Tab S9 Ultra, во истата конфигурација ќе чини 1.369 евра.
Цените, како и секогаш, се предмет на промени, во зависност од даночните правила на поединечната земја каде што ќе се продаваат таблет уредите.
Кои спецификации се очекуваат?
Кога станува збор за спецификациите, Tab S9 Ultra се очекува да има 14,6-инчен Dynamic AMOLED 2X WQXGA+ 120 Hz дисплеј, батерија од 11.200 mAh со поддршка за полнење од 45 вати и две предни камери од 12 MP и две задни камери од 13 MP. Иако сè уште не е потврдено, се шпекулираше и дека ќе пристигне во конфигурација со 16 GB RAM и 1 TB простор за складирање.
Од друга страна, Tab S9+ ќе има малку помал 12,4-инчен Dynamic AMOLED 2X WQXGA+ екран, до 12 GB RAM и 512 GB интерна меморија и батерија од 10.090 mAh. Во екранот ќе биде сместена предна камера од 12 мегапиксели, додека на задната страна ќе има главна камера од 13 мегапиксели и ултраширока камера од 8 мегапиксели.
Конечно, најевтиниот таблет во целата серија, Tab S9 ќе доаѓа со 11-инчен Dynamic AMOLED 2X WQXGA дисплеј, до 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање, батерија од 8.400 mAh, предна камера од 12 мегапиксели и една задна камера од 13 MP.
Се очекува дека сите три модели ќе ги покренува Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 SoC for Galaxy, кој имавме можност да го видиме во Galaxy S23 серијата телефони. Сите би требало да имаат и оптички скенери за отпечатоци, четири звучници, поддршка за S-Pen и IP68 сертификат за отпорност на вода и прашина.