Новото јулско безбедносно ажурирање за Galaxy S23, S23+ и S23 Ultra „тешко“ дури 470 MB е достапно за преземање во Европа
Корисниците на Galaxy S23, S23+ и S23 Ultra во Европа почнаа да го добиваат безбедносното ажурирање од јули 2023 година.
Ажурирањето доаѓа со верзијата на фирмверот S91xBXXS3AWF7 и изнесува 470 MB. Станува збор за една поголема закрпа, која барем според тврдењата на Samsung, треба да реши повеќе 90 безбедносни пропусти.
Ако имате некој од Galaxy S23, S23+ или S23 Ultra моделите и сè уште не сте го добиле ова ажурирање, можете да го инсталирате рачно со одење во менито Поставки, потоа Ажурирање на софтвер.
Кон крајот на јуни, корисниците на Galaxy S23 серијата добија големо ажурирање од 2,2 GB што значително ги подобри перформансите на камерата. Поправени се проблемите со автоматското фокусирање, а унапредена е и самата обработка на фотографии, особено во ноќни услови.