Ако не можевте да пристапите до најновите вести на вашите омилени сајтови, во прашање е грешка на Google News што предизвикува погрешно индексирање на сајтовите
Услугата што ја нуди технолошкиот гигант Google им овозможува на корисниците да бидат во тек со најновите информации на сајтовите каде што вообичаено ги следат вестите, што многумина го користат како моќна алатка за избор на содржини. Сепак, Google News грешка предизвика проблем, поради кој најновите вести од сајтовите не ги прикажува правилно.
Претставници на компанијата го потврдија проблемот на социјалната мрежа Twitter и истакнаа дека тоа предизвикува сајтовите од кои корисниците вообичаено читаат вести да не бидат правилно индексирани, што доведува до тоа најновата содржина да не се прикажува како што треба.
Од компанијата тврдат и дека имаат „тековен проблем“ со индексирањето на услугата Google News и дека тоа влијае на „сите сајтови“, и дека работат на откривање на основната причина за проблемот. Иако велат дека следното ажурирање за оваа услуга ќе биде достапно во рок од 24 часа, останува нејасно дали трајно ќе го реши проблемот.
Иако проблемот денеска влијае на Google dashboard, изгледа како да лебди меѓу корисниците со недели. Ова, се разбира, има лош ефект врз веб-страниците и издавачите бидејќи го спречува нормалниот кориснички сообраќај, или подобро кажано, го намалува.
Затоа, доколку мислите дека сте пропуштиле некоја битна информација, најдобро е да отидете на страницата на порталот што ја следите директно од веб-прелистувачот, за да бидете во тек.