Ако се суди според новите гласини, се чини дека Samsung Galaxy S24 Ultra и Galaxy S24+ ќе користат „stacked“ батерија, која би требало да овозможи поддршка за жично полнење од 65 вати.
Додека конкурентите нудат вртоглави брзини на полнење на нивните водечки модели, најмоќните мобилни телефони на Samsung од 2019 година имаат поддршка за жично полнење од 45 вати. Од една страна, има корисници кои ја поздравуваат оваа одлука, посочувајќи дека се зачувува здравјето на батеријата, а од друга страна, има и такви кои сметаат дека е неприфатливо да се нуди полнење од 45 вати на смартфони кои чинат повеќе од 1.000 евра.
Како и да е, изгледа дека и тоа ќе се промени. Имено, според информациите објавени на Twitter од дојавувачот RGcloudS, претстојниот Galaxy S24 Ultra и потенцијално Galaxy S24+ ќе користат таканаречена stacked батерија, односно технологија слична на онаа на електричните возила, која овозможува поддршка за побрзо полнење.
Се вели дека телефоните на Samsung со таа батерија ќе поддржуваат жично полнење од 65 вати, што нема да биде најбрзо на пазарот, но сепак ќе биде подобро од она што е случај сега.
1/3
Stacked battery is on track, but limitedMost likely only for 24U & 24+
or just 24Umeanwhile,
apple used it on entire iP15 lineup24U & 24+ have "rated" 5000 MaH
But 24U stacked structure is different
to make it cooler, they applied cooling gel. for 65W & stability https://t.co/8khM2oAToc— RGcloudS (@RGcloudS) July 12, 2023