Моделите за временска прогноза засновани на вештачка интелигенција беа атрактивни во последниве години, но немаа прецизност.
Компанијата Huawei го разви Pangu Weather, модел за предвидување на времето кој нуди 10.000 пати поголема брзина од традиционалните нумерички методи, па за само неколку секунди може да се добие прогноза за целиот свет, што досега се сметаше за невозможно.
Благодарение на прецизното предвидување на патеката на овогодинешниот тајфун Мавар, едно од водечките светски научни списанија Nature објави статија за Pangu Weather AI Model. За прв пат, Huawei и неговите експерти се единствените автори на ваков важен Nature документ, кој опишува како да се развие прецизен и точен глобален систем за прогноза на времето со вештачка интелигенција врз основа на податоците од претходните 43 години. Трудот е насловен „Точна глобална метеоролошка прогноза со среден опсег со 3D невронски мрежи“ и обезбедува независно испитување на достигнувањата на Huawei на полето Cloud и AI.
Објаснувајќи зошто тимот на HUAWEI CLOUD AI одлучи да се фокусира на временската прогноза, д-р Тиан Ки, главен научник на полето на HUAWEI CLOUD AI, соработник на IEEE и академик на Меѓународната евроазиска академија на науките, рече дека временската прогноза е една од најпознатите важни сценарија од областа на научните пресметки.и дека метеоролошките прогнози е многу сложен систем.