Aptos го наследува Calibri како стандарден фонт во Word, Outlook, PowerPoint и Excel за стотици милиони корисници
По тестирањето на пет фонтови (Bierstadt, Grandview, Seaford, Skeena и Tenorite) во 2021 година, Microsoft го избра Aptos (порано познат како Bierstadt) како нов стандарден фонт што ќе го наследи легендарниот Calibri по цели 15 години.
Aptos како sans serif „отелотворува професионализам, приспособливост, суптилни изрази и поголема јасност“.
Создаден е од Стив Матесон, еден од водечките светски дизајнери на фонтови, чија работа го вклучува развојот на оригиналните фонтови Windows TrueType и создавање на Segoa.
Новиот фонт е именуван по градот во Санта Круз, Калифорнија, чиј разновиден пејзаж и клима ја олицетворуваат разновидноста на фонтот, се вели во соопштението.
Иако Aptos е новиот стандарден фонт, можно е да се избере друг фонт во поставките во секое време, па дури и да се избере еден од преостанатите четири фонтови (Grandview, Seaford, Skeena и Tenorite) кои беа конкуренти.
„Aptos е дел од поширокиот бран на функции што доаѓаат на Microsoft 365. Се обидуваме да го направиме софтверот поизразен и поинклузивен“, заклучи Даниелс, главен програмски менаџер за фонтови и типографија.