Руски научници од Институтот за применета геофизика, Федоров во Москва предвидуваат дека денеска може да се очекува силна сончева активност, која би можела да им пречи на комуникациите со кратки бранови.
Тие наведуваат дека Сонцето ќе ги „исфрли“ блесоците од класата Х, кои се најголемите експлозии во Сончевиот систем и можат да создадат радијациони бури.
Сончевите блесоци се случуваат кога се поврзуваат моќните магнетни полиња во и околу Сонцето. Тие можат да влијаат на магнетното поле на Земјата со потенцијал да ги оштетат сателитите и комуникациската опрема, според NASA.
THE SUN SHIFTING INTO THIRD GEAR:
The Sun is really kicking it into a higher gear now with several significant eruptions in the last 48 hours, including two full halo CMEs seen just today which are likely far-sided. These are followed by another wide eruption to the southwest… pic.twitter.com/y3wXEWV2dm— Space Weather Watch (@spacewxwatch) July 16, 2023
Минатата година, геомагнетна бура предизвикана од голем излив на сончево зрачење уништи 40 ново лансирани сателити на SpaceX.
Во неделата беа забележани три соларни бури, соопшти Институтот Федоров, од кои една траеше 14 минути и беше проследена со прекин на радио комуникацијата.