Научниците тврдат дека Африка се дели на два дела, што на крајот ќе доведе до формирање на нов океан. Иако процесот ќе трае милиони години, овој процес ќе ја одвои денешна Сомалија и делови од Кенија, Етиопија и Танзанија од остатокот на континентот.
Африка „се распаѓа или се дели на два дела“, а се „раѓа“ нов океан. Според истражувањето објавено во списанието Geophysical Research Letters, два големи делови од континентот се одвојуваат, а тоа на крајот може да доведе до формирање на нов океан.
Станува збор за процес наречен „рифтинг“, кој, според Science Direct, всушност претставува „кинење на една тектонска плоча на две или повеќе плочи кои се одделени со дивергентни граници на плочите“.
Нискиот регион наречен „Рифт долина“ еруптира каде што се поместуваат тектонските плочи на Земјата, според National Geographic. Овие пукнатини можат да се појават на копно, како и на дното на океанот.
Овој феномен може да датира од пред најмалку 138 милиони години кога Јужна Америка и Африка беа поделени на различни континенти. Во последните 30 милиони години, арапската плоча се оддалечи од Африка, процес што резултираше со создавање на Црвеното Море и Аденскиот залив, пишува NBC News.
Поделбата на континентот е поврзана со источноафриканската пукнатина, пукнатина долга 56 километри што се појави во етиопската пустина во 2005 година, а според извештајот на Economic Times, тоа ќе предизвика формирање на ново море.
Сеизмичките податоци дадени во истражувањето покажуваат дека создавањето на пукнатината е иницирано од слични тектонски процеси кои се случуваат на дното на океанот. Пукнатината е откриена на границата на три тектонски плочи, африканско-нубиска, африканско- сомалиска и арапска, кои се одвојуваат подолго време.
Источноафриканската долина Рифт се протега на повеќе од 3.000 километри, од Аденскиот Залив на север до Зимбабве на југ. The Conversation пишува дека овој расцеп ја дели африканската плоча на два дела, сомалиска и нубиска плочи.