Жена која уживала во своето кафе на североистокот на Франција доживеала несреќа на почетокот на јули кога ја погодил метеорит.
Случаите во кои метеорити удираат луѓе се исклучително ретки, но една Французинка е меѓу нив, откако метеорит ја погодил во ребрата додека седела на терасата. Прво слушнала звук на покривот, а потоа и удар во ребрата.
„Мислев дека се работи животно, лилјак или парче цемент“, рече таа.
Сепак, се работи за мало парче карпа кое се одбило од покривот и ја удрило жената во градите, што резултирало со модринки. Таа немала други повреди.
Фрагментот го однела кај геологот др. Тиери Ребман, кој преку анализа утврдил дека се работи за карпа со вонземско потекло.
Во Франција во 21 век се забележани пет инциденти поврзани со метеорити. Според National Geographic, Ен Хоџис е единствената потврдена личност во историјата која била погодена од метеорит. Тоа се случило во 1954 година додека спиела во дневната соба. Црна карпа со големина на меко топче го искинала таванот од нејзиниот дом и ја удрила во ногата, а како последица задобила модринка.