Моделот Nothing Phone (2) пристигнува на европскиот пазар со голем број подобрувања во споредба со неговиот претходник, а неговиот грб сега е позаоблен и полесен за држење.
Nothing Phone (2) пристигнува во бела и темно сива боја, а почетните цени за европските пазари изнесуваат 650 евра во Германија, 670 евра во Франција, 580 фунти во Велика Британија.
Во однос на хардверот, Nothing Phone (2) користи 6,7-инчен LTPO OLED дисплеј со FHD+ резолуција и прилагодлива стапка на освежување од 1Hz до 120Hz. На горниот дел од екранот има селфи камера од 32 MP, со сензор Sony IMX615 и поддршка за снимање видео од 1080p.
На задната страна, има главна камера од 50 MP со сензор Sony IMX890, заедно со OIS и EIS стабилизација на сликата. Ултрашироката камера од 50 MP користи го користи JN1 сензорот на Samsung.
Iconic design meets premium performance.
Phone (2) and Ear (2) black are now available to buy from https://t.co/pLWW07l8G7 pic.twitter.com/P99a2zd4XT
— Nothing (@nothing) July 17, 2023
Системот за осветлување Glyph и интерфејсот на задната страна се подобрени и сега се состојат од 11 сегменти на LED ленти и вкупно 22 LED осветлување зони. Овде може да се видат нови известувања, како што се звучни контроли и индикатор за време.
Различни апликации може да се поврзат на горната лева LED диода за известувања за Essential Glyph. Покрај тоа, Nothing ќе ги направи интерфејсот SDK и API на Glyph достапни за програмерите , па се очекуваат дополнителни нови функции во иднина.
Телефонот го покренува Snapdragon 8 + Gen 1 чипсет и користи батерија од 4.700 mAh со поддршка за полнење со кабел од 45 W и безжично полнење од 15 W. За софтверска поддршка се користи Nothing ОЅ 2.0 кој е базиран на Android 13.