Набрзо откако дознавме кога ќе биде претставен OnePlus 12, нови протечени информации ги откриваат деталите за спецификациите на уредот. Деталите беа споделени од дојавувачот @OnLeaks во партнерство со страницата Smartprix.
Од објавата може да се разбере дека OnePlus 12 ќе има 6,7-инчен AMOLED дисплеј со 2К резолуција и стапка на освежување до 120 Hz. Панелот ќе користи LTPO технологија, која ќе помогне дополнително да се заштеди енергија со динамичко прилагодување на стапката на освежување според содржината.
Смартфонот ќе нуди Snapdragon 8 Gen 3 чипсет во комбинација со до 16 GB RAM и 256 GB UFS 4.0 складирање за апликации. Што се однесува до батеријата, таа ќе има капацитет од 5400 mAh и ќе поддржува брзо жично полнење со моќност до 100 вати и безжично полнење на 50 W. Во комплетот на телефонот се очекува да биде вклучен и полнач.
Според информациите, главната камера ќе биде тројна со главен сензор од 50 MP, ултрашироката ќе има резолуција од 50 MP, а ќе биде присутна и 64 MP телефото камера со 3x оптички зум. За селфи фотографии, ќе има камера од 32 MP. Оперативниот систем се очекува да биде Oxygen OS 14, кој ќе биде базиран на Android 14.


