Threads веќе почна да се соочува со губење на дневни активни корисници откако помина првичната еуфорија.
Апликацијата Threads, која е одговор на Instagram на Twitter доживеа огромен успех од нејзиното лансирање. Седум дена по лансирањето, таа доби повеќе од 100 милиони корисници, што ја прави најбрзо растечката апликација досега.
Сепак, како што обично се случува, на се му доаѓа крајот, па возбудата за новата апликација веќе згасна. Според новите извештаи од SimilarWeb, бројот на дневно активните корисници на Threads е преполовен во споредба со првата недела од лансирањето.
На тој начин, Threads забележа пад од 49 милиони дневно активни корисници на 23,6 милиони за само една недела.
Иако многумина сметаат дека Threads би можела да биде првата апликација „убиец на Twitter“, која навистина и ќе го оствари тоа, ќе мора да се случат значителни промени.
Со исклучок на првата недела од лансирањето, Threads сега се наоѓа на околу една петтина од големината на Twitter, а слично е и кога се гледаат статистиките за бројот на дневно активните корисници. Twitter моментано има околу 110 милиони активни корисници дневно.
Иако ја носи титулата најбрзо растечка апликација од нејзиното лансирање, услугата сега има тешка работа да го задржи својот раст со текот на времето додека се натпреварува со жестоката конкуренција на пазарот.

