За кровните градини велиме дека се иднината на урбаното живеење… и тоа со причина!
Покрај убавиот изглед на кровните градини, поглед за уживање и престој за рекреација, кровните градини се многу повеќе. Бенефитите особено доаѓаат до израз кога температурите се високи и се постојана грижа за сите. Тоа, на некој начин не приморува сите ние да размислиме како можеме да ја подобриме околината, да обезбедиме подобра иднина и да направиме барем нешто со што ќе помогнеме да го спречиме постојаното зголемување на летните температури, кое во следните години ќе ни претставува уште поголема грижа.
Кровните гардини се едно од решенијата на долги патеки! Издвоивме само дел од бенефитите на кровните градини кои ги прикажуваме низ бројки:
Кровните градини ја намалуваат температурата на околината во која се поставени, до значително 4 -5 °C .
Можеби како бројка ова не изгледа нешто значително, но доколку претпоставиме дека имаме се поголеми површини со кровни градини и сите тие придонесуваат дури и за минимално намалување на атмосферските температури – финалниот резултат е огромен успех!
Зошто и како кровните градини ги намалуваат температурите?
Растенијата на кровните градини се главните причинители за намалување на температурите. Тоа настанува преку евапорација на водата од растенијата во атмосферата.Растенијата ја користат водата и од дождовите и од потребното полевање, задржуваат одредена количина, а по искористувањето водата се враќа во атмосферата преку транспирација и испарување.
Исто така, кровните градини како целосен елемент вклучувајќи ја и изолацијата, супстратот и растенијата кога се поставени на крововите прават “засенување” на површината, па тоа го спречува прекумерното загревање.
Едно истражување во Флорида, покажало дека просечната максимална температура на површината на зелените кровови, не поминува повеќе од 30-35 °C , додека пак кај конвенционалните кровови , може да достигне и повеќе од 59 °C.
Табеларен приказ на температурите на крововите:
Материјал на кровот | Степени кои може да ги достигнат на сончев ден со просечна температура од 30 °C |
Црн покрив | 60- 87 °C |
Необоен метал | 58 -62 °C |
Бел покрив (Термопластичен полиолефин / PVC ) | 50- 60 °C |
Aлуминиумски покрив | 50- 60 °C |
ПОКРИВ СО КРОВНА ГРАДИНА | 30°C |
Прочистување на воздухот
Растенијата произведуваат кислород и го отстрануваат јаглеродниот диоксид од воздухот. Тие, исто така, заробуваат до 85% од честичките во воздухот на нивните површини на листовите.
Истражувачите проценуваат дека кровна градина со површина од 100м2 може да отстрани околу 40 килограми PM честички од воздухот за една година, а исто така да произведува кислород и да го отстрани јаглерод диоксидот (CO2) од атмосферата.
Четириесет килограми PM се приближно колку 15 патнички возила ќе испуштат за една година типично возење.
Покрај тоа, некои растенија што се користат, при подигање на кровни градини, како што се Sedum album и Sedum spurium, се метални хиперакумулатори, со невообичаено високо ниво на внес и складирање на елементарни метали.
Задржување на атмосферските води
Зелените кровови – односно кровови на кои се поставени градини апсорбираат до 75% од врнежите, со што драстично се намалува истекувањето и се намалува ризикот од поплави.
Во зависност од дизајнот на кровната градина, зелениот покрив обично може да го намали истекувањето на атмосферските води за 50 до 90%.
Дополнително, максималниот волумен на проток е значително намален и периодот на проток е одложен за дури 4 часа, минимизирајќи го влијанието врз постоечките канализациски системи.
Намалување на бучава
Растенијата, почвата и воздухот заробени во почвата се исто така одлични акустични изолатори.
На објекти каде е поставена кровна градина нивоата на бучава се значително намалени, го намалуваат рефлектирачкиот звук до 3 dB и ја подобруваат звучната изолација до 8 Db
Кровните градини имаат потенцијал да ги намалат и звуците со ниска фреквенција (блокирани од супстратот) и звуците со висока фреквенција (блокирани од вегетацијата).
Намалување трошоци
Како?
– Со самото намалување на атмосферската температура во просторот и со спречување на загревањето на кровот се намалуваат и трошоците за употреба на електрична енергија за греење и ладење на просторот.
Кровната градина претставува природна изолација во текот на целата година
Резултатите покажаа дека поставувањето кровна градина на покривот на петкатна комерцијална зграда може да резултира со заштеда од 3–14,5% во годишната потрошувачка на енергија. Бидејќи изолацијата која ја формираат кровните градини , во зима ја задржуваат топлината до 30 % а во лето ги намалуваат температурите и со тоа потребата од трошење на електрична енергија за ладење на објектот.
Продолжување на животниот век на материјалите
– Овозможуваат продолжување на животниот век на крововите, до дури 200 % .
Бидејќи овозможуваат природна заштита на материјалите при постојана изложеност на надворешни влијанија.
Еден модел, покажува дека просечно животниот век на конвенционални кровови е 16 години, додека кај добро поставени кровни градини, може да биде и до 35 години. Што е двојно повеќе. Со поставување на кровни градини дури и на мал простор на нашите приватни објекти, правиме општо добро за секој од нас. Се грижиме за подобра иднина за нас и за идните генерации !
А денес имаме единствена можност да го направите сето тоа на брз едноставен и лесен начин.
Со иновативните модули Семпервел, поставувањето на кровна градина е толку едноставно што може да се направи дури и во рок од само неколку часа!
Повеќе инфо на:
sempervel@foja.com.mk
+389 78 225 897 / 02 2772 046
И дознајте повеќе за тоа како и Вие да станете дел од зелена, поубава и здрава иднина.
Иднина во која температурите во лето, сите заедно ќе ги направиме да бидат барем малку пониски!