Кевин Митник, кој некогаш беше еден ултрасупешен хакер и еден од најбараните компјутерски криминалци во САД, починал во неделата на 59 годишна возраст поради компликации од рак на панкреасот, пренесува Њујорк Тајмс.
Откако ја одлежа затворската казна поради упади во компјутерски мрежи и манипулации со истите, тој е ослободен во 2000 година и започнува нова кариера како безбедносен консултант, писател и јавен говорник.
Митник е најпознат по злосторствата во текот на 1990-тите кои вклучуваат кражба на илјадници датотеки со податоци и броеви на кредитни картички од компјутери низ целата земја. Тој ги користел своите вештини за да се пробие во телефонските и мобилните мрежи на нацијата, нанесувајќи штети на владини, компаниски и и универзитетски компјутерски системи.
Институциите во тоа време го прогласија за „најбараниот“ компјутерски хакер во светот.
Во 1995 година, по повеќе од двегодишна потрага, Митник е фатен од страна на Ф.Б.И. „Тој наводно имал пристап до корпоративни трговски тајни вредни милиони долари. Беше многу голема закана“, кажал Кент Вокер, поранешен асистент на американскиот адвокат во Сан Франциско.
Следната година, Митник ги признава злосторствата за компјутерска измама како дел од договорот со обвинителите и е осуден на 46 месеци затвор.