Apple и Sony повторно нудат интересна понуда за корисниците на PlayStation 5, која ќе им донесе 6 месеци бесплатен пристап до стриминг услугата Apple TV+. Новите и постоечките претплатници на Apple TV+ можат да ги искористат предностите на промоцијата, но не и оние кои користат пакет понуда како што е Apple One.
Понудата треба да биде достапна дури и ако моментно го користите 7-дневниот бесплатен пробен период на услугата. Корисниците на PlayStation 4 не се заборавени, но им се достапни три месеци бесплатен пристап, а промоцијата важи само за нови претплатници.
Понудата важи до 31 јули преку апликацијата Apple TV за PlayStation 5 или PlayStation 4. По завршувањето на бесплатниот пристап, стандардната цена е 7,6 месечно, но може да се откажете во секое време пред тоа и нема да ви биде наплатена сумата.