Идните автомобили на Tesla кои ќе нудат автономно возење на ниво 5 ќе се потпираат на чипови што ќе ги произведува Samsung. Ова го открива The Korea Economic Daily, додавајќи дека чиповите ќе бидат направени на процес од 4 нанометри на Samsung и ќе се користат во компјутерите Hardware 5 (HW 5.0) на на Tesla, кои компанијата планира да ги пушти во масовно производство за 3-4 години.
Минатата година, Tesla го избра TSMC како единствен партнер за овие чипови, но во меѓувреме компанијата ги промени плановите и сега размислува за соработка со TSMC и Samsung, иако изворите велат дека може да се обложи и на Корејците. Сепак, поверојатно е дека нарачката ќе биде поделена меѓу двете компании.
Промената се случи во мај по состанокот во истражувачкиот центар на Samsung во Сан Хозе помеѓу Елон Маск и лидерот на Samsung Group, Џеј И. На оваа средба, Маск добил такви цени за производство на чипови, што не можел да ги одбие. Samsung е меѓу снабдувачите на претходните чипови за автономно возење за Tesla Model 3, Model 5, Model X и Model Y.