Премиерата на iPhone 15 серијата би можела да биде одложена за неколку недели, што значи дека наместо во септември, таа би се одржала во октомври. Така смета Вамси Мохан, кој е еден од аналитичарите на Bank of America.
Предвидувањето доаѓа по неговите проверки на мрежата за снабдување со компоненти на Apple. Мохан смета дека премиерата ќе се одржи во последниот квартал (октомври-декември). Според него, во третиот квартал Apple ќе продаде 48 милиони примероци од iPhone, што е помалку од очекувањата од предвидените 51 милион.
Мохан не даде дополнителни причини за своето предвидување, но засега нема индикации за забавување од други извори, па затоа на неговите зборови треба да се гледа со одреден скептицизам. Минатата година, продажбата на iPhone 14, 14 Pro и 14 Pro Max започна на 16 септември, но iPhone 14 Plus се појави на пазарот на 7 октомври.