Според наводите, Samsung работи на сопствен паметен прстен, под името Galaxy Ring.
Има информации дека Samsung подготвува паметен прстен, кој би можел да се нарече Galaxy Ring кога ќе биде официјализиран.
Според извештајот од Јужна Кореја, Samsung веќе ја ангажирал јапонската компанија Meiko за производство на печатени кола кои ќе го напојуваат новиот уред за носење.
Идејата зад паметниот прстен е сè уште нова. Сепак, успехот што го постигна Oura покажува дека тие можат да бидат корисни на повеќе начини. Oura прстените можат да траат околу една недела со едно полнење, користат Bluetooth конективност за следење преку уреди со Android или iPhone. Се сугерира дека позиционирањето на прстенот, како и неговиот контакт со кожата, може да понуди подобри информации за следење на здравствените и фитнес параметрите.
Samsung веќе има голем број сензори и слични функции за следење на здравјето на своите уреди за носење – Galaxy Watch. Galaxy Ring можеби има поддршка за ECG и PPG сензори, но засега се познати неколку детали.
Ниту името на уредот не е загарантирано, бидејќи освен Galaxy Ring, Samsung ги заштити и имињата Galaxy One, Galaxy Pulse и Galaxy Rhythm.