Според објавите на кинеската социјална мрежа Weibo, пренесени од GSM Arena, следната флегшип серија на Huawei, Mate 60 ќе има засек сличен на iPhone 14 Pro.
Ваквите решенија не се новини за Huawei. Ако се сеќавате, имаше слични на P40 Pro и Mate 40 Pro, но тие беа во горниот лев агол на екранот. Ова ќе биде првиот модел на Huawei во кој двојната селфи камера со ToF сензор ќе биде поставена во посебен простор во центарот на дисплејот
Со овој дизајн на камерата на предната страна, многу е веројатно дека софтверот ќе вклучува и функции кои ги користат предностите на елиптичната област, како што се известувањата за апликации слични на Dynamic Island.