Компанијата Sony ја најави конзолата кон крајот на мај, а почетокот на продажбата се очекува на крајот на оваа година, кога би требало да се дознаат сите детали околу Project Q.
Откако на почетокот на оваа година се појавија гласини околу новата конзола која ја подготвува Sony, кон крајот на мај јапонската компанија ги потврди гласините. Project Q, името под кое се развива конзолата се очекува на пазарот при крајот на годината, а станува збор за уред со дијагонала на екран од 8 инчи и резолуција од 1080p. Треба да се нагласи дека ова не е самостојна рачна конзола на која може да се играат посебни игри (како на пример PS Vita), туку станува збор за уред за стриминг со PlayStation 5 преку опцијата Remote Play.
Sony прикажа фотографија од овој уред, но таа не открива премногу. Како изгледа хардверот, но и самиот екран кога уредот дознавме оваа недела благодарение на Твитер корисникот @Zuby_Tech, кој на својот профил објави фотографии и видео од уредот во акција. Неговите твитови се приложени во текстот, а според коментарите под објавите, повеќето не се воодушевени од тоа што го гледаат.
PlayStation Project Q Leaks:#PlayStation #ProjectQ pic.twitter.com/9ssXnb399U
— @Zuby_Tech (@Zuby_Tech) July 22, 2023
„Некој ќе добие отказ, Изгледа многу лошо, Ова никој нема да го купи“, се само некои од коментарите од неимпресионираните гејмери. Видеото и фотографиите откриваат голем екран поставен внатре во некој вид на Dual Sense контролер, а на страницата 9to5 Google посебно внимание ставиле на софтвер кој е базиран на Android, иако сè уште не е финализиран. Што се однесува до хардверот, детали не се познати, но најверојатно станува збор за некој вид на чипсет Snapdragon на Qualcomm. Од оваа компанија уште претходно коментираше дека разговарале со Sony за развој на чипови во контекст на гејмерски хардвер за Android, така што овие информации не се големо изненадување.
Иако е ова првенствено уред наменет за стриминг на видео-игри од последната генерација на PS со Android неговиот потенцијал е многу поголем бидејќи на него би можеле да се играат игри Google Play Store за Android, а со поддршка за cloud гејминг, корисниците би можеле да уживаат во голем каталог на игри.
PlayStation Project Q Leaks:#PlayStation #ProjectQ https://t.co/gyFrsW7xkN pic.twitter.com/0R0yQIdr0I
— @Zuby_Tech (@Zuby_Tech) July 22, 2023
Моментално ова се само претпоставки, а какви се ќе бидат можностите на оваа конзола и дали на неа навистина ќе може да се играат други игри освен оние на PlayStation 5, останува да видиме до крајот на годината.