Xiaomi Redmi Note 13 Pro+ би треба лода се појави во Кина оваа есен и најверојатно ќе го има дизајнот на Xiaomi 13 со рамни страни и тесни рамки околу екранот.
Прелиминарните нацрти на дизајнот на претстојниот телефон Xiaomi Redmi Note 13 Pro+ кои се појавија на кинеската социјална мрежа Weibo, откриваат дека овој модел би требало да има дизајн инспириран од моделот Xiaomi 13. Имено, профилот Digital Chat Station, кој често добива информации за претстојните уреди, ги објави, а потоа ги избриша шемите и нацртите на новиот Redmi Note уред, пишува GSM Arena.
Иако се очекува новиот уред да се појави до есен во Кина, раните спецификации покажуваат дека треба да има рамен екран со рамни странични рамки и таканаречен остров на камерата кој потсетува на дизајнот на Xiaomi 13.
Во моментов, се чини дека најголемата разлика помеѓу двата моделa е во големината, бидејќи Redmi Note 13 Pro+ наводно ќе има екран од приближно 6,7 инчи, додека моделот Xiaomi 13 има 6,36 инчен дисплеј.
Покрај делумниот дизајн, избришаната објава откри и дека телефонот ќе има MIUI 15 интерфејс со задолжителна Xiaomi надградба, како што е обичај на овој производител, но тоа не е гаранција дека ќе го добие претстојниот оперативен систем Android 14. Сепак, до моментот кога новиот уред од Кина ќе пристигне на глобалниот пазар, тоа би можело да се промени и всушност да се испорачува со новата генерација на Android оперативниот систем.