Ова лето Samsung го одбележува објавувањето на новиот филм на Warner Bros Pictures, BARBIE, со ексклузивен трејлер од 8K и The BARBIE SmartThings DreamHouse на Samsung.com
Филмот BARBIE станува еден од најистакнатите културни моменти за годинава, а Samsung Electronics Co, Ltd го објави своето партнерство со Warner Bros. Pictures непосредно по самата премиера. Ексклузивната соработка се состои од глобална малопродажна активација и европска дигитална активација на BARBIE SmartThings DreamHouse. Кампањата ќе биде лансирана на повеќе канали во две фази ова лето, почнувајќи со глобалната малопродажна активација во продавниците ширум светот.
По официјалната премиера во кино-салите, која минатата недела се одржа кај нас, купувачите во продажните места ширум светот ќе можат да уживаат во официјалниот трејлер за филмот БАРБИ во славната 8K резолуција. Трејлерот во 8K ќе се репродуцира на Samsung телевизори во самите продажни места, прикажувајќи импресивни визуелни елементи на филмот. Оваа соработка, која е дел од поширокото партнерство помеѓу Samsung и Warner Bros. Pictures, е возбудлив чекор напред за 8K содржините, кој ги прикажува можностите на Samsung Neo QLED 8K и ја зголемува возбудата кај потрошувачите да гледаат филмови со оригинален кинематографски квалитет на својот телевизор.
Со европската премиера од 10 јули 2023 година, BARBIE SmartThings DreamHouse на Samsung.com го оживува енергичниот свет на BARBIE преку секојдневни сценарија, со помош на Samsung SmartThings. SmartThings беспрекорно ги поврзува уредите и апаратите во домот и е еден од најголемите отворени екосистеми на поврзани уреди, со над 150 милиони корисници ширум светот. Контролиран од само една апликација, сметка на Samsung и Wi-Fi конекција, SmartThings им овозможува на корисниците да ги приспособат своите домови според нивните потреби, овозможувајќи им да ја следат потрошувачката на енергија или дури да ја постават атмосферата за организирање забава на тема БАРБИ, достојна за Barbie Land.
Домот на BARBIE SmartThings претставува истражување на иконската DreamHouse – куќа од соништата на Барби, покажувајќи како секој може да користи Samsung SmartThings. На пример, посетителите на посветената страница можат да истражат како можат да го користат Galaxy Z Flip4 за да ја започнат забавата со пуштање музика преку апликацијата SmartThings, да додадат дополнително розово на својот изглед со Galaxy Watch 4, и да користат Jet Bot AI + Robot Vacuum и без напор да ги чистат конфетите по својата DreamHouse прослава, помеѓу останатите секојдневни сценарија.
BARBIE SmartThings DreamHouse на Samsung.com исто така содржи и карусел со производи, што ќе им овозможи на посетителите со клик директно да ги купуваат прикажаните производи додека истражуваат.
BARBIE SmartThings DreamHouse може да се најде на Samsung.com и социјалните медиуми во Европа, давајќи им можност на обожавателите да го купат изгледот по локалната филмската премиера на филмот.