Microsoft ја проширува достапноста на својот чет-бот со вештачка интелигенција и наместо да биде достапен само за Edge прелистувачот, Bing Chat пристигнува на Chrome
Иако бесплатен, четботот за вештачка интелигенција на Microsoft беше достапен само на прелистувачот Edge, но тоа сега ќе се промени, кога Bing Chat ќе пристигне Chrome, пишува 9to5Google.
Сепак, нема да работи толку добро на друга локација како што работи на прелистувачот Edge. За разлика од неговиот нативен интернет прелистувач, каде што станува достапен за сите со еден клик на горниот десен агол и иконата Bing Chat, корисниците на Chrome треба да одат на „bing.com“ и потоа да кликнат на опцијата Chat во горниот лев агол на екранот.
Тоа не е преголем проблем за повеќето корисници, но лимитот на карактери во прашањата за ботот ќе изнесува 2000 за Chrome, во споредба со 4000 за Edge. Исто така, во рамките на еден разговор со ботот, корисниците ќе можат да испратат најмногу пет пораки пред разговорот да се ресетира и да започне нова итерација, наспроти 30 пораки кога станува збор за прелистувачот Edge. Тоа може да послужи за брзи одговори, но нема да биде доволно за целосниот потенцијал на четботот.
Со овој новитет, Bing ќе биде интегриран и во прелистувачот Chrome со стандардните резултати на пребарувањето, а ќе има и опција за темен режим, кој секако може да се промени во менито за поставки.
Компанијата првпат го објави своето пристигнување на Chrome минатата недела, со pop-up прозорец во верзијата на Windows 11 што им дава до знаење на луѓето дека Bing Chat работи на друг прелистувач, но во тоа време функцијата сè уште не функционираше за повеќето корисници. Како што стојат работите, ова сè уште важи за некои корисници: откако ќе отидете на bing.com и ќе кликнете на Chat, можно е на веб-локацијата да се појави скокачки прозорец кој ќе ве упати да се префрлите на прелистувачот Edge.