Наместо нерѓосувачкиот челик што беше присутен кај актуелните iPhone 14 Pro модели, се чини дека претстојните iPhone 15 Pro уреди ќе добијат титаниумска завршница што ќе ги направи полесни и поиздржливи.
Титаниумската завршна обработка со Grade 5 легура наводно ќе се најде на претстојните iPhone 15 Pro модели, за разлика од серијата 14, која има рамка од нерѓосувачки челик. Оваа завршна обработка наводно има различни предности во однос на нерѓосувачкиот челик, пишува Wccftech.
Иако претходно се појавија информации дека Pro уредите од претстојната серија ќе имаат Dynamic Island и уште помали рамки околу дисплејот, Apple планира да воведе и дополнителни подобрувања за своите Pro модели за да ги позиционира како уреди од повисока класа.
Користењето легура на титаниум од 5. класа (Ti-6Al-4V) наместо нерѓосувачки челик треба да им овозможи на телефоните да бидат поцврсти, поиздржливи и полесни.
Предности и мани кои титаниумот може да ги донесе на iPhone 15 Pro
Овој тип на завршна обработка на телефоните на Apple наводно ќе ја подобри физичката издржливост на уредитем бидејќи ќе ги направи поотпорни на падови и оштетувања отколку што тоа е можно со нерѓосувачкиот челик.
Покрај тоа, овој тип на титаниум е поотпорен на корозија, што пак влијае на долговечноста на телефонот, осигурувајќи дека може да се користи со години пред металот да почне да се лупи. Сепак, корозијата е нешто што не загрижува многу љубители на iPhone, бидејќи во денешно време повеќето луѓе користат футроли за своите смартфони.
Една од главните предности, сепак, е тоа што титаниумот ќе им овозможи на телефоните да не бидат многу тешки, што е на пример случајот со моделот iPhone 14 Pro Max, кој според сите стандарди е потежок од повеќето Android уреди на пазарот.
Но, и титаниумот има свои недостатоци, бидејќи е поскап од нерѓосувачкиот челик, а тоа ќе влијае и на повисоката цена на самиот телефон, која се очекува да биде повисока од сите претходни модели. Покрај цената, тој не е широко достапен во споредба со челикот, што дополнително може да предизвика недостиг на подолг рок.