Новите податоци сугерираат дека следната генерација на флегшип паметни телефони на Samsung од Galaxy S серијата може повторно да го користат Exynos чипсетот во некои региони, вклучително и во Европа. Најпрвин, се чини дека оваа практика ќе продолжи со Galaxy S23 FE, кој ќе го користи Exynos 2200 чипот.
Сепак, полоша вест е дека Exynos чипсетот би можел да се користи и во претстојната серија Galaxy S24. На тој начин, компанијата повторно потенцијално ќе се врати на производство на две варијанти во своите флегшип смартофни во зависност од регионот.
Таа практика беше променета со Galaxy S23, чии модели го користеа Snapdragon 8 Gen 2 во целиот свет. Се чини дека конечната одлука се уште не е донесена, со можност за избор на друг пристап, имено за ограничена дистрибуција на варијантите на Exynos само на некои помали пазари.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите.