Втората генерација на Apple Watch Ultra оди на диета, односно според познат инсајдер, новите паметни часовници ќе бидат уште полесни од првиот модел
Втората генерација на Apple Watch Ultra оди на диета, односно новата верзија на најмоќниот паметен часовник на компанијата ќе има помала тежина од неговиот претходник, известува AppleInsider, повикувајќи се на информации од кинеската социјална мрежа Weibo.
Првиот Apple Watch Ultra тежи 61,3 грама, а новиот би требало да биде уште полесен, но дојавувачит не ја прецизира точната тежина на претстојниот уред, наведувајќи само „новиот Apple Watch Ultra ќе има помала тежина“.
Поради недостиг на детали, информациите мора да се земат со резерва, но овој дојавувач минатата година на ист начин дека iPhone 14 ќе биде достапен во жолта боја, што се покажа како точна информација.
Сегашниот Apple Watch Ultra е двојно потежок од алуминиумскиот Apple Watch 8. Алуминиумскиот модел на Серија 8 тежи 32 грама, моделот од нерѓосувачки челик тежи 42 грама, а моделот од титаниум тежи 37 грама.
Претходните гласини укажуваа дека новиот Apple Watch Ultra ќе биде објавен заедно со очекуваниот Apple Watch Series 9 во септември, но се шпекулира дека компанијата одделно работи на нов Ultra модел со microLED дисплеј, одложен за 2026 година
Неодамна се појавија и информации дека американската компанија сака да го направи своите iPhone 15 Pro уреди со титаниумска завршница, што како и во случајот со новиот часовник, треба да им овозможи на новите Pro модели да бидат полесни и во исто време поиздржливи.