Google дефинитивно става акцент на уредите со голем екран, вклучувајќи ги Pixel Fold и Pixel Tablet. Сега новите податоци укажуваат дека компанијата размислува и за производ кој ќе биде нивна комбинација, поточно таблет на преклопување.
Според информациите на DigiTimes, и Google и Apple размислуваат за креирање на ваков уред. Сепак, никој од нив нема цврсти планови во оваа насока. Доколку Google се реши на таков чекор, уредот би можеле да го видиме веќе следната година за време на I/O програмерската конференција.
Lenovo и Asus имаат слични уреди, но тие се базирани на Windows. Засега сè уште нема голем бренд со Android таблет на преклоп.
Вреди да се напомене дека Samsung демонстрираше слични екрани пред некое време. Што се однесува до Apple, шансите компанијата да објави преллопен iPhone следната година се многу мали, а можен флексибилен iPad или Mac би можел да се појави најрано во 2026 година.